Press "Enter" to skip to content

Рибарите од Вардар најдобри на “Битола куп 2019“ на Стрежевско езеро (фотогалерија)

На рекреативната зона “Акумулација Стрежево” се одржа межународен натпреварот во спортски риболов “Битола куп 2019“ кој го организира ЗРРЕСК “Црна Река – 1929“ од Битола, на локација на местото викано “Втора Црвејнца”.“Битола куп 2019“ беше поддржан од од концесионерот ЈП “Стрежево“, а на него присуствуваа директорот Методија Граматковски и претседателот на УО, Добри Петровски.Натпреварот го следеа и претставници (инспектори) од Државниот инспекторат за земјоделство. Се ловеше риба во дисциплината “пливка” (лов на риба со јадица на пливка), во поединечна и екипна конкуренција, а учество зедоа риболовци од екипите од државата Црна Река од Битола, Свети Апостол Петар од Охрид, Бабуна од Велес, Кркушка од Велес, Вардар од Скопје и Мак-Дам од Куманово.Од Србија  беа риболовците од Јужна Морава од Врање и Јужна Морава 1925 од Чачак, а од Црна Гора екипата на “Number One“ од Подгорица. По завршувањето на натпреварот во спортски риболов “Битола Куп 2019“, се доделија признанија на најуспешните во поединечна и екипна конкуренција.Победници се ЗСРРК Вардар – Скопје, второ место – ЗСРРК Кркушка од Велес и трето место – ОСР Морава 1925 од Чачак. Наградите во екипна конкуренција ги додели директорот на ЈП “Стрежево“, Методија Граматковски, кој рече:ЈП “Стрежево“ од Битола оваа година дава особен придонес за продолжување на оваа долгодишна спортска традиција која претставува една од поважните обележја по кои рекреативната зона е препознатлива, а пред се е во насока на развој на спортскиот и рекреативниот риболов.Во поединечна конкуренција најдобар риболовец беше Марјан Ристиќ  од Вардар- Скопје, второпласитан Петар Булевски од Свети Апостол Петар од Охрид, а на третотот место беше Марјан Кралев од Кркушка – Велес. Наградите ги додели претседателот на Управниот Одбор на ЈП “Стрежево“, Добри Петровски.Посебни индивидуални благодарници беа доделени од страна на Претседателот на ЗРРЕСК “Црна Река 1929“ од Битола, Пеце Велевски на следните заслужни членови на здружението: Александар Прелевиќ, Стеван Ѓорѓиевски и Ѓорѓи Лозановски.

 

More from СпортMore posts in Спорт »