Вечерва и утре битолчани го слават големиот верски празник, Успение на Пресвета Богородица – Празник на мајката на животот, а голем број беа во битолската црква која го носи нејзиното име, а се наоѓа во центарот на Битола.
Утре, 28 август, бидејќи е неработен ден се очекува уште повеќе битолчани да го посетат овој храм на Македонската православна црква, да се помолат за здравје и простување на гревовите и да запалат свеќа.
Во црквата “Св. Богородица“ се наоѓа иконата на оваа светица, која по многу години повторно се врати во црквата, откако беше украдена пред многу години.
Низ неколки фотографии направени од дрон, како и во нејзината внатрешност, ви го прикажуваме чествувањето на големиот празник и верниците во оваа црквата која се наоѓа во центарот на Битола.

И битолчани го слават верскиот празник посветен на Пресвета Богородица (дрон-фото + фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: пробивање и комплетна инфраструктура на “Широка“ во Битола (фото)
- Црвениот тепих во Битола на затворањето на “Браќа Манаки“ низ објективот на Дамијана Ристевска (мега фотогалерија)
- Деновови пред 10 години: претседателите на Србија и Македонија, Николиќ и Иванов, на средба во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: отворен тренинг на тогашниот селектор Лино Червар во Битола за потенцијалните репрезентативци (фото)
- 8. пат “Трчај бе со Алпско“ во Битола – спортски празник со над 1.500 учесници од 18 земји и многу публика, низ повеќе од 100 фотографии





