Press "Enter" to skip to content

Утре, хуманитарен концерт “Ние ќе пееме за вас, Вие помогнете за Лидија“

На нашата сограѓанка Лидија и се потребни парични средства за да го продолжи лекувањето во Русија.

Досега голем број на битолчани помогна на разни начини таа и нејзиното семејство да ги собере потребните средста.

Овој пат македонските музички ѕвезди организираат хуманитарен концерт, на кој ќе настапат: Татјана Стефановска, Борче Стојановски – Туше, Менде Куновски, Ирена Велјановска, Марјан Коцев, Елена Јовчевска, Ташко Каранфиловски и Ирена Спасовска, а ќе ги придружува “Модус бенд“.

Хуманитарниот концерт ќе се одржи утре во ресторан “Император“ во 21 часот.

More from БитолаMore posts in Битола »