Денес во просториите на Фудбалската федерација на Македонија ао ждрепка се определија двојките од најмасовското клубско натпреварување кај нас, за натпреварите од осминафиналето.
Во 16 клубови од првата и втората фудбалска лига е и битолски Пелистер, кој ќе биде домаќин на екипата на Работнички. Во 1/16 финалето екипата на Пелистер на пенали ја помина екипата на Кит Го од Пехчево.
Првиот натпревар ќе се игра на 25 септември, а реваншот на 30 октомври.
Еве ги двојките од осминафиналето:
Пелистер – Работнички
Академија Пандев – Осогово
Брегалница – Македонија ЃП
Тиквеш – Ренова
Лабуништа – Охрид
Борец – Струга Трим Љум
Вардар – Шкендија
Шкупи – Силекс






