Денешното дружење на ракометарите на Еурофарм Работник со битолчани на Широк Сокак претставуваше и официјална промоција за новата сезона која стартува за три дена, со натпреварот од СЕХА лигата, против Спартак Москва.
На продажниот пункт каде се продаваат влезниците за престојната сезона на Широк Сокак, сите ракометари им беа на располагање на битолчани, на кои лично им ги врачуваа купените влезници.
Најмладите се фотографираа со новите ракометни љубимци, а секако останатите само се поздравуваа и им посакуваа успех во наредната сезона.
Некои од поголемите навивачи на Еурофарм Работник донесоа и дресови на кои им се потпишуваа ракометарите.
Оние кои беа во Битола од минатата сезона, ја познаваа атмосферата во Битола, а новајлиите кои за прав пат беа низ Широк Сокак не го криеја задоволството од тоа како беа примени од битолчани.
Тие додадоа дека не се имаат прошетано низ Битола, бидејќи од Маврово заминаа за Добој, а сега само неколку дена се тука, но само во спортската сала.
Влезниците потврдија од клубот дека добро се продаваат и дека очекуваат полни трибини во среда.

Најмладите битолчани се дружеа со ракометарите на Еурофарм Работник (фотогалерија)
More from СпортMore posts in Спорт »
- КК Пелистер: дојдете во сала, поддршка е потребна во полуфиналето против МЗТ
- Еурофарм Пелистер лесно до бодови против Бутел во Битола
- Еурофарм Пелистер и официјално ја предаде титулата, висок пораз од Вардар
- Пораз од МЗТ во првиот полуфинален натпревар, в недела втор натпревар во Битола (фотогалерија)
- Одлични резултати на студентите од УКЛО Битола на Универзитетските првенства (фото)





