Press "Enter" to skip to content

“Трка на радоста“ денес на Шеталиште (фотогалерија)

Се одржаа две трки “Првачињата трчаат“  и “Учениците трчаат“, оние кои ја завршија трката добија медали, а сите добија подароци од покровителот “Бучен Козјак“.Денес во градскиот парк, на Шеталиште, се одржа хуманитарна „Трка на радоста”, во организација на TVB.mk, првиот веб ТВ-канал во земјава посветен на децата и тинејџерите.Учениците на еден ден пред стартот на школската година трчаа во две категории. Во првата трка, “Првачињата трчаат“ се трчаше на  200 метрии  и учесници беа деца на возраст од 5 и 6 години, односно  првоодделенци,  а  трката “Учениците трчаат“ беше на  500 метри со деца од 7 до 12 години.Организаторот на “Трка на радоста“, Весна Божиловиќ, издавач на првиот веб ТВ-канал во земјава посветен на најмладата и најпребирлива публика “TVB.mk“ рече:-Утре децата радосно ќе влезат во новото животно поглавје, а со самото учество ќе усреќат и свои врсници од загрозени семејства, зашто дел од средствата што се собраа од учество на трката ќе бидат донирани. Придобивките не се мерат со часовник, ни со наградниот фонд, туку според чувството на задоволство и вештините со кои се стекнуваат од мали.Кога на сето ова ќе се додаде хуманата нота, тогаш оваа детска трка го заслужува името „Трка на радоста“, истакна Весна Божиловиќ, која рече хуманиот карактер ќе се гледа што училишен прибор ќе добијат оние на кои им е потребен. Хуманитарната „Трка на радоста” е поддржана од компанијата „Бучен Козјак” од Куманово, која е покровител на настанот.-Ние како компанија сакаме да продуцираме генерации потрошували со здрави навики, кои ќе конзумираат природни млечни производи. На 1 септември ќе промовораме и јогурт, прекрасен производ кој ќе им помогне да ги издржат секојдневните обврскирекоа од “Бучен Којзак“ од Куманово.Во техничката реализација на “Трката на радоста“ ќе биде вклучена спортската академија од Битола, а логистички  беше поддржана и од Советот  на Општина Битола.Покрај во Битола трки се одржаа во Скопје во Градскиот парк.

More from БитолаMore posts in Битола »