Денес на 1. септември е 10. роденден на центар за странски јазици “Лексика-Нова Битола“, кој се наоѓа на ул. “Анести Пановски“ бр. 13 во Нова Битола. Сопственичката, Каролина Д. Петковска, за овој јубилеен роденден вели:
-Новата учебната година и упис за изучување на курсевите ја започнуваме славенички, со одбележувње на роденденот со торта и со нашите пријатели. На овој ден 1 септември пред 10 години започна со работа центарот за странски јазици со курсеви за англиски, германски, француски, италијански, грчки, албански јазик. Низ школата поминаа многу деца и возрасни кои го научија или усовршуваа својот избран странски јазик, а исто така низ овие години поминаа и многу наставници.
Овој јубилеј “Лексика-Нова Битола“ го слави со сегашниот тим наставници: Дијана Крстевска – англиски јазик, Даниела Јовановска- француски, Елена Мицевска, Милена Спасеноска – германски јзик, Христина Скалидис – грчки, Инџи Махмуди- албански, Марина Василевска-Гечевска- италијански јазик.
-Горда сум на својот тим кои работи тука и имам голема доверба во сите нив, И оваа година продолжуваме со уписи и започнување со курсевите за кои сите ќе бидат известени навремено. Курсевите за програмата “Германија бара медицински персонал“ веќе се во тек. Исто така подготвуваме некои новини, вели Каролина Петковска.
Јубилеј достоен за почит, им посакуваме многу успешни години и понатаму.

10 години центар за странски јазици “Лексика-Нова Битола“ (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- “Папал дизајн“ – 35 години творештво, визија и трајни вредности – од крфица до битолски бренд (мега фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: во Битола слепите лица добија телефонски именик со Брајово писмо (фото)
- Најубава чкембе чорба направија и освоија прво место моторџиите од “Конзули“, Гран-при за “Корзо“ на првиот “Чкембе фест Битола 2026“ (фотогалерија)
- Започна првото издание на “Чкембе фест Битола 2026“, готвачи од Македонија, Турција и Унгарија утре ќе прават чкембе чорба (фотогалерија)
- Битола ја добива манифестацијата која и прилега “Чкембе фест“





