Учеството на екипата на Еурофарм Работник, прво во ракометната СЕХА лига, а потоа и во Лигата на Шампионите и натпреварите кои ќе се играат во Битола, ќе биде најголемиот спортски настан во Битола оваа година.
Bitolanews и досега го следеше сите настапи на битолските спорстки екипи, а секако и на Еурофарм Работник, па така ќе биде и во настапите во СЕХА лигата.
Bitolanews од организаторот на СЕХА лигата, доби три акредитации, еден фоторепортер и двајца новинари, и компетно ќе ги покрива настапите на Еурофарм Работник, на теренот и на надвор од него.






