Во ресторанот “Премиер“ денес беше презентиран проектот за греење, ладење и вентилација на Клиничката болница “Д-р Трифун Пановски“ од Битола, кој го изработиа тим на докроранти од Кралскиот институт за технологии во Стокхолм, Шведска.
Проектот го порача невладината организација битолчанката Марија и нејзиниот сопруг Томас Росенгрен, “Од рака на рака“, а во истражувањата за проектот се вклучи и Клиничката болница.
Истражувањата се вршеа во декември изминатата година, а беа вклучени покрај докторантите кои ги предводеше Нелсон Сомерфелдт и дванаесет студенти од на Кралскиот институт за технологија во Стокхолм, Шведска.
Проектот предвидува клиничката болница од Битола греењето на фосилни горива, во случајот мазут, да го замени со обновнили извори. Тоа значи дека битоласката болница има еколошки ситем за греење, ладење и вентилазија преку хибриден систем со примена на соларна енергија и топлински пумпи. Со ваквиот систем емисијата на јаглероден диоксид ќе се намали за една третина, а со тоа и загадувањето.
-Ова не е значајно само за Битола, ова е прв проект од ваков вид во целиот Балкан. Причина зошто се одлучиваме за ваков проект во Битола, е затоа што Битола имаме проблеми со загадениот воздухот, а за загадувањето на воздухот во Битола се слуша насекаде во светото. Кралскиот институт во Сокхолм се одлучи заедо со нас, кои работиме на овој проект, го воведоа овој порект во нивната програма уште минатата година, рече хуманитарката Марија Росенгрен, која за финансирањето на проекто додаде:
-Во октомври ќе бидат објавени грантовите на Светска банка, а јас сум оптимист дека ќе добиеме гранд за ваква намена, и од на пролет ќе ја започнеме реализацијата на проектот, откако ќе се дооформи документацијата.
Директорот на болницата Зоран Лазаров за бенефитете од овој проект рече:
-Болницата се грее на мазут, кој е доста неквалитетен, а ако ја додадеме старата котлара, загадувањето не е мало, но ние го наледивме системот. Сега со новиот систем, кога ќе биде готов ќе има подобри услови за пациентите, персоналот и за градот Битола. Милион и пол денари плаќаме за струја и вода, а со овој проект нема да се плаќа грење, вентилација и ладење, а тоа ќе значи дека болницата ќе биде во подобра финансиска состојба.
Проектот пред министерот за локална самоуправа-Горан Милевски, заменикот министер за образование – Елизабета Наумовска, директорот на РЕК “Битола“ – Златко Ќурчиевски, престедателот на Советот-Валентин Груевски, координаторот за здравство – Гоце Чакаревски и други го образложи докторантот Нелсон Сомерфелдт на Кралскиот институт за технологија, најголем инженерски универзитет во Шведска.
-По разговорите со Марија и Томас се одлучивме да изработиме проект за Болницата, а истражувавме и со студентите кои беа вклучени, собравме податоци за енергетската ефикасност и начинот на греење во Болница. Проектот предвидува нова технологија греење и ладење преку соларана енергија и топлински пумпи. Во сончевите денови ќе работи самостојно, а кога е облачно ќе се надополува си друг систем, рече Нелсон, во презентцијата, во која му помагаат ушре два докторанти.
С.Р.






