-Бидејќи сега најактуелен е ракометот во Битола, а јас пред некое време ја издадов големата книга “Ракометот во Битола“, редно е да се потсетиме на ракометот во 2009 година, во септември, започна со своите сеќавања Димче Миновски.
-Пред стартот на сезоната, некаде во летото 2009 година започна промената на паркетот во спортската сала, тогаш “Младост“, на кој му беше прва реконструкција од изградбата, беше комплетно завршен во септември кога и свечено се одигра еден натпревар на Пелистер, се сеќава Димче Миновски, доајен на битолското новинарство.
Миновски, кажува и дека поради промена на паркетот, првиот натпревар против екипата на Тинекс, “пелистерци“ го играле во спортската сала на Горната Гимназија, а потоа се вратиле во “Младост“.
-На чело на клубот беше Ефто Божиновски, а со тимот работеа Стевче Стефановски и Борче Марковски, а капитен беше Александар Зарков. Во тимот уште беа Игор Николовски, Златко Димитровски, Јанкуловски, Димитровски, бранеше Тосковски…
–Овие податоци не се во книгата “Ракометот во Битола“ која ја затворив со некоја година порано, но оставам на младите колеги за брзо време да ги стават во книга, да останат за историја, вели Миновски и додава:
-На било кој ќе изрази желба да пишува за спортот за било кој спорт и период му стојам на располагање.

Деновиве пред 10 години: РК Пелистер играше во Гимназијата, нов паркет во салата (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: пробивање и комплетна инфраструктура на “Широка“ во Битола (фото)
- Црвениот тепих во Битола на затворањето на “Браќа Манаки“ низ објективот на Дамијана Ристевска (мега фотогалерија)
- Деновови пред 10 години: претседателите на Србија и Македонија, Николиќ и Иванов, на средба во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: отворен тренинг на тогашниот селектор Лино Червар во Битола за потенцијалните репрезентативци (фото)
- 8. пат “Трчај бе со Алпско“ во Битола – спортски празник со над 1.500 учесници од 18 земји и многу публика, низ повеќе од 100 фотографии





