Press "Enter" to skip to content

Васко Ковачевски, директор на ЕСМ: за промена на греење од дрва на струја 1.000 евра субвенции

-Целосно ќе субвенционира вградување на инвертор клима системи за загревање на домаќинствата како супституција на огревното дрво, но не повеќе од 60.000 денари, најави денеска директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, и додаде:

-Во најскоро време Владата ќе донесе заклучок со кој ќе бидеме обврзани како компанија да субенционираме во делот на инверторите и замената на нееколошките традиционални системи за греење, односно дрвата кои треба да се исклучат од семејствата, а за сметка на тоа да добијат целосно субвенционирање на инвертор клими кои ќе го намалат загадувањето и ќе го подобрат амбиенталниот воздух во државата.

Мерката ќе почне да се спроведува како пилот проект во четири града и тоа Битола и Кичево како градови во кои има термоелектрани, Скопје како главен град и Тетово како еден од најзагадените во земјава, а во зависност од  интересот и ефектот на оваа мерка за наредната година ќе има дополнителни средства за останатите градови.

Mission News Theme by Compete Themes.