Градоначалникот на Новаци, Стевче Стевановски информира дека патот до Мариовското село Будимирци е оспособен!
-Извршена е санација и уредување на патот кој води до село Будимирци и манастирот “Св. Димитрија“, обезбедивме подобар и побезбеден пристап за жителите и посетителите на ова наше Мариовско село во пресрет на големиот христијански празник Рождество на Пресвета Богородица, соопшти Стевановски.






