Press "Enter" to skip to content

“Зелена еко училница“ на земјоделското училиште од Битола

Земјоделското училиште „Кузман Шапкарев“ денес го претстави успешно реализираниот проект „Зелена еко училница“, проект поддржан преку програмата „Апшифт“ за подобрување на училишната средина, а реализиран од колективот и учениците, со цел  да се создаде простор каде учениците ќе можат да учат, да се дружат и да развиваат еколошка свест во природна средина.

На училиштето и недостасуваше уреден надворешен простор за настава на отворено, практична работа, едукативни активности поврзани со природата и земјоделството и затоа одлучиле да ја изградат оваа зелена еко училница во дворот на училиштето.

Преку овој проект учениците научија и како е да се работи во тим, како да се планираат и реализираат идеите, како да се преземе одговорност, како и тоа колку е важна грижата за животната средина.

Во иднина планираат засадување дополнителни растенија и дрвја, организирање еколошки работилници, поставување информативни табли за растителниот свет.

More from ВестиMore posts in Вести »