Синоќа во малата сала на Центарот за култура во Битола, на задоволство на сите љубители на книгата беше одржана промоција на книгата “Мојот божествен пат кон успехот” од авторката м-р Соња Георгиевска.
Издавач на ова обемно и уникатно дело е издавачката куќа “Дата Песнопој” од Битола, а рецензенти се проф д-р Марија Котевска Димовска, д-р Лидија Гоѕин Балтовска и проф. Лилјана Даева Стојановска.
Нашата македонска литература не може да се пофали со дела чија содржина е спиритуална (духовна), но токму ова дело би требало да предизвика голем чекор напред во насока на себеспознавањето и будењето на свеста кај современиот човек.
Книгата “Мојот божествен пат кон успехот”е всушност медитативна проза во вид на дневник. Искрен, привлечен и инспиративен „Божествениот пат кон успехот“е пат различен од било кој друг. Пат кој ни ја пружа длабоката удобност на верувањето во нешто поголемо од себе, а вербата е Божествената искра која постои во секој од нас.
Иако е приказна за животниот пат на една личност, тоа е приказна на сите. Книгата истражува проблеми кои го збунуваат модерниот човек: како да се издржи низ предизвиците и важноста на верата во тешки времиња. Што е уште поважно нашата вера во Бог е она што ни помага и она што сите не обединува.
Таа верно го отсликува духот на нашето општество во ова време на сé побрзо и побрзо будење на свесноста. Патоказите што ни ги остава во ова особено вредно и уникатно дело отвораат порти за нови можности во креирањето на животот.

Промовирана книгата “Мојот божествен пат кон успехот” од Соња Георгиевска (фотогалерија)
More from КултураMore posts in Култура »
- Премиера на видео спотот „Височини“ на групата “Фонтана“ од Битола
- Изложба на книги и текстови за Гоце Делчев во Универзитетската библиотека во Битола
- Вечерва премиера на “Приказната за Силјан“ во Битола
- “Кина низ културата: Прекрасниот Сичуан“ – Гала вечер во Битола (фотогалерија + видео)
- Оркестарот “DIVA“ со богата програма во 2026 година





