Press "Enter" to skip to content

Соопштение од организаторот на трката “Трчај бе“ за сообраќајниот режим в недела

Во Битола за прв пат на 15 септември ќе се одржи “Трчај Бе” трката на 5 и 10 километри низ улиците на нашиот град.  Почетокот е закажан од 09:00 на плоштадот “Магнолија“.

За таа цел изготвен е сообраќаен проект за посебен сообраќаен режим и издадена е согласност од Општина Битола, како и одобрение бр. 12.1.5/2280/2 од 12.09.2019 година на МВР – СВР Битола.

Посебниот сообраќаен режим ќе започне во недела 15.09.2019 година во 07:00 и ќе трае до 12:00 истиот ден.

За тоа време улиците – “Булевар 1-ви Мај“ (од страна на музичкото училиште – до “Црн Мост“ и од страна на Општината до “Безистенот“), ул. “Добривое Радосављевиќ“ (кај стаклената зграда и зграда “Грозд“) ул. “Никола Тесла“ (кај “Скопска пивара“) ул. “Михајло Бојаџиев“, ул. “Димо Хаџи Попов“ (помеѓу Офицерски дом и Аероклуб) како и градското шеталиште и цела улица Широк Сокак ќе бидат затворени за сообраќај.

Сите паркинг места на плоштадот “Магнолија“ и улицата кај Офицерски дом кон кафетеријата “Аеро“ треба да бидат празни.

Битолчани, во недела наутро, дојдете пешки во центарот на градот и бодрете ги над 700-тино пријавени натпреварувачи од Македонија и од 9 земји во светот меѓу кои се имињата на најдобрите македонски атлетичари и актуелната балканската шампионка по улиците на нашиот град.

More from СпортMore posts in Спорт »