Директорот м-р Бојан Стефановски оствари работна средба со Министерот за култура Хусни Исмаили, Македонка Коцева – раководител на сектор на културно наследство и г-дин Фатон Фазлиу – шеф на кабинет, д-р Мери Стојанова од Музеј во Битола и директорот на Музејот на албанската азбука во Битола.
Директорите на институциите имаа прилика да разговараат за организациската поставеност на вработените по одделни сектори и нивната подобра организираност, можности за унапредување на библиотечната и музејска дејност, реализирање на проекти во моментот, можности за организирање на стручни средби, собири и конференции како и за унапредување на работата на јавните институции и соработка со Министерството за култура.

Министерот за култура во посета на библиотеката (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Румена Бужаровска во УТОПИЈА за хуморот, предрасудите и одговорноста кога туѓ живот станува книга
- “Вљубеник во светлината“ – монографија што го чува споменот за Ранко Струмениковски и неговото непроценливо творештво (фотогалерија)
- Три биса и громогласен аплауз за “ Оркестар ДИВА“ од Битола на „Flowers Symphony 2“
- „Cine Delfi“ штотуку излезе од печат, а Румена Бужаровска го носи пред битолските читатели
- Маестро Сашо Татарчевски од Битола диригираше на сцената на Националната опера на Киргистан, присутните уживаа во македонски композиции





