Точно во 9 часот, стартуваше првата трка на 10 километри од “Трчај бе“, само по 5 минути и втората трка на 5 километри, а на двете трки зедоа учество вкупно 770 пријавени, од 7 до 70 години.
Стартот со истрел од пиштол го означи директорот на трката Никола Димитровски.
Имаше учесници од цела Македонија, но исто така и од Танзанија, САД, Хрватска, Србија, Велика Британија, Босна и Херцеговина, Бразил, Чешка, Германија. На трката се натпреварува цела македонска атлетска елита на средни и долги патеки, односно сегашки и бивши рекордери и шампиони на патеките од 1.500 метри, па се до маратон.
Секој кој ја истрча трката добие свое лично време за колку ја истрчал патеката, а сето тоа ќе го направи “Tag Timing“.
Триесетина компании ја искористија и за “тим-билдинг“, “Кромберг и Шуберт“ од Битола, “Најк Ранинг Клуб“ “Стопанска Банка“ од Скопје, “Космик Дивелопмент“ од Битола, “Плодност“, “Преда фондација“ од Битола, “Еуролинк“, кафетерија “Добри Вибрации“, “Турни ме да кинисам групацијата“…
Трката помина во одлична организација, за што организаторите добија пофалби од сите, а за среќа немаше ни повреди на учесниците.
-Одлична манифестација, иако е раано утро сепак гледате колку има учесници и публика, би сакал ова да е почеток и да биде традиција. Не знам како е организацијата, дали има моќност за два пати, но и еднаш е доволно за почеток, ни рече Горан.
-Ова е одлична работа за Битола, а можам само да ги пофалам организаторите за тоа што ова го организираа и мотивираа толку луѓе. Еден од оние кои се мотивираа сум и јас, по тешката повреда започнав да сппртувам и ете стигнав до тоа да трчам на неколку маратони, ни рече Наташа Грамосли.
Покрај спортскиот дел, учесниците имаа и прилика да се дружат, да се забавуваат, а за тоа се погрижија ди-џеј Рикардо, Николче Пројковски, Паљото-кој ги загреваше учесниците.
Низ фотографиите може да видите дел од атмосферата и како се одвиваше трката.
Фото: Сашо Ристевски






