Топ Гол – Атлетико 4:0
Во рамките на 3. коло од ПФЛ-жени во градското дерби екипата на Топ гол ја победи екипата на Атлетико со конечен резултат од 4:0.
На фудбалското игралиште Павел Шатев, пред околу стотина гледачи екипата на Топ гол со хет-трикот на Јанковска и голт на Гелевска уште еднаш ја докажа својата надмоќ на градскиот ривал.
-Честитки на моите фудбалерки за остварената победа над Атлетико, а уште повеќе за одличната игра. Ја контролиравме играта за време на целиот натпревар и создадовме огромен број на шанси. Оваа победа ќе придонесе за зголемување на самодовербата и мотивацијата за следните натптевари, изјави Кире Грбевски тренерот на Топ гол.
За Топ гол настапија: Салиевска, Бумбаровска, Талевска, Гоцевска, Миленковска, Петровска, Јанковска Т. Гелевска, Николовска, Јанкоска и Нешковска уште играа”: Стојчевска, Митаноска и Размовска.
Следното 4 коло екипата на Топ гол како домаќин ја пречекува екипата на Истатов 2015.






