Press "Enter" to skip to content

Фото вест: “Смајли“ пешачки премин пред “Епинал“

Во рамките на годишната акција која се спроведува на повеќе локации низ градот, Европската недела на мобилност, денес пешачкиот премин пред “Епинал“ на Широк Сокак, доби нов необичен лик.

Пешачкиот премин на Широк Сокак од денес има “смајли“ изглед, а е резултат на теренската работилница во насока на поддршка и промоција на мерки под слоганот “ПЕШАЧЕТЕ СО НАС“!, која ќе трае седм дена и опфаќа мерки за пешачење, безбедно користење велосипед и квалитетен градски превоз, со цел граѓаните да се привлечат да го менуваат начинот на движење и патување низ градовите.

За оваа теренска работилница во која учестуваше ЈП “Нискоградба“ чии вработени прво го “обелија“ пешачкиот премин, придонес дадоа ученици кои цртаа со креди, дизајнерите на пешачкиот премин од асоцијација “Мурал“, сообраќајот имаше посебен режим од 9 до 15 часот.

Беше поделен и промитивен материјал маици и флаери за сите кои поминаа таму.

Утре во рамките на Европската недела на мобилност, ќе се работи кај Камен мост.

More from БитолаMore posts in Битола »