Планинарскиот дом “Неолица“ се разубавува пред пред претстојниот планиарски марш “Неолица 2019“ кој е закажан за в недела 22 сепрември.
Вредните домаќини во домот “Неолица“, Томе и Славе се најаслужни за новата голема настрешница која се гради пред влезот на домот, на терасата, за промена на дограмата на домот и за други поправки и разубавивање на просториите на домот.
Поради тоа што има пристапен пат до планинарскиот дом “Неолица“, кој се наоѓа под врвот Неолица (1.865 метри“ е олеснета доставата на материјалот за градба, а секако и дел од жителите на селото Лавци помагаат при изградбата.
Планинарскиот спортски клуб “Ѓорѓи Наумов“ ги објави и иструкциите за планинарите кои ќе учествуваат на искалувањето на 22 септември.
Поаѓањето е во 7,30 часот, на колоната од задругата во село Лавци (800 м.нв.) и упатување кон врвот Неолица, околу 11:15 часот. Од 13 часот е заеднички планинарски ручек (гравче), обезбеден од организаторот, стои во сооптението потпишано од Тома Лозановски, а сите заинтересирани можат да се јават на 075 513-917 за пријавување и дополнителни информации.
Патеката на традиционалниот планинарски марш “Неолица 2019“ е со должина од
16.870 метри и висинска разлика 1.064 метра.






