Press "Enter" to skip to content

Пораз на Еурофарм Работник на гостувањето во Шведска

Савехоф – Еурофарм Работник 25:24 (10:15)

Екипата на Еурофарм Работник го доживеа и вториот пораз во второто коло од Лигата на шампионите, на гостувањето во Шведска од екипата на Савехоф, во натпревар во кој одигра две различни полувремиња, од водство од +5, до пораз од -1.

Еурофарм Работник од почетокот беа во водство, кое растеше, за да имаат дури плус пет во завршницата од првиот дел , 15:10.

Во второто полувреме за само 10 минути предноста на битолчаните се стопи, па беше 18:18, па во 45 да биде +2 за домаќинот 20:18. На крајот имаше ронка надеж кога на 25:23, намалија на 25:24, но битолчани направија техничка грешка и не успеаја да обезбедат нерешено и прв бод во Лигата.

Ловро Јотиќ беше најефикасен со осум гола.

More from СпортMore posts in Спорт »