Во рамките на јуниор-програмата на јубилејното 40-то издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, компанијата Бимилк повторно приреди креативно изненадување за најмладите љубители на филмот.
Имено, од 16 до 20 септември, на црвениот тепих пред Центарот на култура во Битола, по завршувањето на филмовите од детската програма, Бимилк организираше детски цртачки работилници на тема „Нацртај го твојот омилен филмски јунак“.
Во текот на работилниците, децата имаа можност да се дружат со Битолското чупе и заедно да ги нацртаат своите херои од филмското платно.
Ремек-делата“ на младите уметници беа изложувани на пано поставено на црвениот тепих, а за нивното учество беа наградувани со Битолски јогурт и со балони, на кои беше испишана пораката „Порасни до облаците со Битолски јогурт“.
-Поддршката на културата и локалната заедница отсекогаш биле важни во нашето општествено дејствување, но задоволството е уште поголемо кога станува збор за најмладата публика на фестивалот, затоа што веруваме дека љубовта кон филмот и кон другите области од уметноста треба да се поттикнува уште од најрана возраст. Токму затоа, годинава одлучивме уживањето во филмовите од јуниор-програмата да го збогатиме со цртачки работилници, во кои децата на креативен начин, пред сè, ќе учат за седмата уметност, но и ќе ја изразат и ќе ја пренесат својата љубов кон филмот, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер во Бимилк.
-Вакви содржини и недостасуваат на Битола. Потребни се повеќе настани во текот на целата година во нашиот град, во кои ќе бидат вклучени и децата, ни изјави еден од родителите присутен на детските цртачки работилници.
Во рамките на детската програма на 40-тото издание на ИФФК „Браќа Манаки“ беа прикажани 5 филма од данска, чешка, руска, словачка и белгиска продукција.
Млекара АД Битола континуирано дава поддршка на фестивалот, и тоа најчесто токму на јуниор-програмата.
Најмладите љубители на филмот се дружеа и цртаа со Битолското чупе на црвениот тепих (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: пробивање и комплетна инфраструктура на “Широка“ во Битола (фото)
- Црвениот тепих во Битола на затворањето на “Браќа Манаки“ низ објективот на Дамијана Ристевска (мега фотогалерија)
- Деновови пред 10 години: претседателите на Србија и Македонија, Николиќ и Иванов, на средба во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: отворен тренинг на тогашниот селектор Лино Червар во Битола за потенцијалните репрезентативци (фото)
- 8. пат “Трчај бе со Алпско“ во Битола – спортски празник со над 1.500 учесници од 18 земји и многу публика, низ повеќе од 100 фотографии





