Press "Enter" to skip to content

Ден на европска соработка 2019, под мотото “Европа, тоа си ти“ во Битола (фотогалерија)

На плоштадот „Гоце Делчев“ во Битола се одржа промотивен настан посветен на програмата за прекугранична соработка и Ден на европска соработка 2019, под мотото „Европа, тоа си ти“, во организација на Министерството за локална самоуправа,  делегацијата  на  Европската Унија и Општина Битола. Министерот за локална  самоуправа Горан Милевски, кој прв говореше на овој настан рече дека ЕУ до 2020 година обезбеди 45,5 милиони евра за финансирање на различни проекти во регионот.-Со реализираните проекти реновирании опремени се здравствени институции, поставени се енегретски ефикасни фасади на јавни институции, реновирани се училишта, подобрена е заштитата и опремени се тимови за заштита од елементарни непогоди, а финансирани и се еколошки и проекти од областа на туризмот. Очекувам соработката со соседна Грција да се интезивира посебно по добивањето на датум на преговори кој се очекува во октомври за што како министерство се подготвуваме да ги зајакнеме капацитетите и да искористиме што повеќе средства од ЕУ-фондовите, додаде Милевски.Претставникот на делегацијата на ЕУ во Скопје Френк Јанмат го издвои проектот граничен премин „Маркова Нога“, како уште еден чекор во заедничките напори на продлабочување на односите на двете земји. -Двете држави работаат заедно и за обостран бенефит. Граничниот премин „Маркова Нога“ е во изградба, се реализираат и други проекти, а по 2020 година ЕУ ќе обезбеди и осигура нова финансиска поддршка која ќе биде во функција на пограничната соработка“, истакна Јанмат.Градоначалничката Наташа Петровска посочи дека соработката меѓу соседите е многу значајна во меѓусебното функционирање и таа е потебно и понатаму да се продлабочува.-Општина Битола во овој период работи на три значајни проекти за градот кои овозможуваат и обезбедуваат подобри услови за граѓаните. Преку проектот “Бенефир“ ќе се обезбеди подобра енергетска ефикасност на спортската сала “Боро Чурлевски“, проектот “Интегриран систем за зелен транспорт“  треба да овозможи набавка на возила на електричен погон, а тука е проектот “Cineculture“,  за зголемување на туристичката атракција на градот. Овие проекти се реализираат благодарение на поддршката од ЕУ, истакна Перовска.За проектите зборуваше и Димитриос Гертсос, задолжен за реализација и спороведување на проектите од  грчката страна.Носителите на проекти поврзани кои се финансирани од Европската унија имаа свои штандови на кои на гостите и министерот им ги претставија проектите и бенефитите од нив. Штандови на кои беа претставени проекти имаа “Преда“- “И од Битола се може“, УКЛО, Општина Битола, Клиниката болница, ЈП “Комуналец“… кои се пофалија со степенот на реализација и бенефитите од проектите.

На крајот министерот, гостите и домаќинот градоналничката Петровска ги разгледаа интеративните панели, на кои ги дадоа своите сугестии како во иднина да се развика соработката со ЕУ. На настанот настапи и хорот на ОУ “Св. Кирил и Методиј“, а учениците ја испеаја песната “Ода на радоста“ и две други песни по диригентство на професорката Катерина Пејовска, деца од ОУ “Тодор Ангелевски“. За изборот на музиката се погрижи ди-џеи Рикардо, а модератор на целиот настан беше Стево Башуровски.

На почетокот на настанот беше прикажан краток видео филм на кој беа прикажани дел од проектите кои се реализирани или се во тек.Денот на соработката се одбележува во 30 држави во рамки на 50 ИПА програми за територијална соработка со организирање на 120 локални настани, беше истакнато на централниот македонски настан во Битола.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from БитолаMore posts in Битола »