Кон Светскиот ден на чистење се приклучи и Општина Битола, заедно со комуналните претпријатија, во акција под мотото “За чиста Битола“, со што започна голема есенска еколошка акција.
Големата акција за чистење започна претпладневно кога комуналните тимови со механизација кај Дрвен пазар, каде се расчистуваше местото на порашните бараките на УЈП.
Комуналните екипи, на кои им пријклучија и жителите од овој реон на Битола, најпрво го собраа целиот заостанат смет, ги искорнаа грмушките, а на крај со вода, колку што беше возможно го измија местото, односно бетонските подлоги на бараките.
Во рамките на акцијата се чистеше во населбата “Ушици“, пред паркот на основното училиште “Тодор Ангелески“, на улиците “Наум Наумовски-Борче“ и “Илинденска“, “Богомила“…, а акцијата ќе продолжи до 29 септември во “Боримечка“, на улиците “Игњат Атанасовски“, “Партизанска“, “Јане Сандански“, “Пионерска“ и на други локации.
-Пред околу десетина дена започнавме со расчистување на овој простор и пример како може да изгледа еден простор кој беше угушен и не беше во функција ако се расчисти. Голема благодарсност и до преставниците во месната заедница кои се вклучија во активностите на јавните претпријатија со кои разговарвме што би било во иднина со овој простор. Останува овој есенски период тоа да го дефинираме за на пролет да изникне нова слика, во овој простор со паркирањето и зелени површини, рече градоначалничката Наташа Петровска.
Носител на акцијата е ЈП “Комуналец“, а директорот Панде Богоевски додаде:
-Следната недела ќе биде недела на чистењето на повеќе локации со депонии и кон крајот на следната недела направиме исто така една масовна ваква акција, и упати апел за пооговорно однесување да не се создаваат депонии насекаде.






