Светскиот ден на чистењето 21 септември, Општина Битола денес го одбележа,со неколку акции, а носител беше јавното претријатие “Комуналец“.
Во рамките на оваа акција неколку екипи на “Комуналец“ од утрово беа на терен во населбата “Ушици“, а ги уредуваа маалските паркови.
Најпрво го уредија, исчистија и фрлија ѓубрето од паркот пред основното училиште “Тодот Ангелевски“, каде беше целосно исчистен и тротоарот пред дворот на училиштето.
Потоа се уредуваше паркот помеѓу улиците “Илинденска“ и “Богомила“, каде неколку младинки го исчистија, го собраа ѓубрето во вреќи, а екипи на “Комуналец“ го собраа.
Во паркот во наелбата “Ушици“ помеѓу улиците, “Рафаел Мартино“ и “2-ра“ екипите ги искастрија сувите гранки на двјата, ги исекоа жбуновите, дрвцата кои не се “фатија“, ги бојадисаа и поправија клупите, а на крај го собраа ѓубрето.
За жал, екипите на “Комуналец“ дојдоа комплетни со работници и машини, сепак локалното населени не се појави на акцијата и не им помогна, а “комуналците“ сами ја завршија работата.
Чест на неколкумина жители, кои се приклучија на акцијата, но за жач се броеја на прсти на една рака, а тие секогаш се грижат за чистотата, а слична акција за уредување на паркот имаа претходни ден, откако млади лица оставија куп ѓубре.
“Комуналците“ ги искастрија и гранките од двјвата стрчеа на коловозот, ги собраа, а на жителите кои имаа ѓубре во своите дворови од чистење или друг отпад им помогнаа да го исфрлат ѓубрето на камион.

Се уредуваа трите маалски паркови во населбата “Ушици“, малкумина од жителите помогнаа (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)





