По повод верскиот празник посветен на Пресвета Богородица, денес се одржа богослужба кај параклисот посветен на светицата, кај ОУ “Тодор Ангелевски“ или како битолчани го викаат Баирското школо.
На богослужбата присуствуваа голем број на верници од овој регион, кои редовно го посетуваат овој верски објект и се грижат за него, а богослужбата ја водеше отец Војне.
Домаќин на оваа богослужба, славење на Мајката Божја, беше Златко Кузмановски со неговото семејство, а тој заедно со отецот го направи и традиционалното кревање на лепче, за здравје на неговото семејство и на сите верници кои беа на богослужбата и оние кои живеат тука.
За нова домаќинка за идната година се пријави и го доби благословот Еленонора Илиевска, со нејзиното семејство.
Ова е второ по ред вакво празнување, а жителите велат дека ќе продолжи и ќе биде традиционално.






