Press "Enter" to skip to content

Повеќе од 200 планинари на маршот “Неолица 2019“ (фотогалерија)

Рано наутро повќе од 200 планинари го започнаа планинарскиот марш “Неолица 2019“ во организација на ПСК “Ѓорѓи Наумов“ од Битола, од повеќе правци, некои од Брусник, некои Лавци, некои од кај Смолево… но со иста цел, врвот Неолица (1.850 м.).Последниот летен, календарски ден, со сонце, без ветер, со одлична видливост, без ниту еден облак на планината беше мотив повеќе и за оние кои не се постојано на планина, да дојдат да го изодат маршот, и едноставно да уживаат.Низ убавините на Пелистер, низ густата шума, планинарите “се сретнаа“ пред планинарскиот дом “Неолица“, а некои продолжија веднаш до врвот, а дел заминаа до таму преку “Колтукот“ и “Офицерите“.Некаде околу пладне, најголемиот дел од учесниците кои се упатија кон врвот, без разлика од кој правец беа на врвот, каде планината ги награди со убавото време без ни малку ветер и со преубав поглед.Планинарите се уште под импресии од погледот од висина на Битола за жал малку утрински заматен, ги пречека бистар поглед се од Скрково, преку  Муза, Орлови бари, Големо езеро, се до врвот Пелистер (2.601 м.) кој се спушташе надолу.А, на такво место што друго да се прави покрај уживањето, освен да се фотографира планинската убавина, и секако неизбежното селфи во ознаките на врвот Неолица (1.850 м.) и планинската широчина.Потоа во дестина мали и поголеми групи планинарите се спуштија преку “Колтукот“ до планинарскиот дом “Неолица“ кој беше преполн со планинари кои се одлучија да не одат до врвот, туку само до домот.А во домот, вредните домаќини во домот “Неолица“, Томе и Славе со помош на други веќе го имаа подготвено ручекот, гравче со колбаси, со кои ги послужија сите кои денес дојдоа во Домот.Патеката на традиционалниот планинарски марш “Неолица 2019“ беше со должина од околу дваесетина километри со оглед дека секој сам си ја трасираше,  со висинска разлика повеќе од 1.000 метри и сите планинари безбедно ја поминаа.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from БитолаMore posts in Битола »