Пелистер – Охрид 19:25 (10:10)
Екипата на Охрид со победа на гостувањето во Битола, против екипата на Пелистер во салата „Боро Чурлевски“, во натпревар во кој младиот тим на Пелистер парираше им парираше едно полувреме.
Во второто полувреме “пелистерци“ немаа ниту сила, ниту концентрацијата, а на поискусните ракометари на Охрид не им беше тешко да дојдат до бодови. Главната разлика се направи кога од 15:17, Охрид отиде на 15:21, кога и се реши натпреварот.
Дрогришки и Буторац со по пет гола се истакнаа кај Пелистер.
Фото: гол.мк






