Press "Enter" to skip to content

Семинар за развој на женски фудбал во Битола (фотогалерија)

Четори дена од 19 до 22 септември, во Битола, под покровителство Норвешката фудбалска Федрација, а во соработка  со Фудбалската Федерација на Македонија, се одржа вториот семинар за развој на жески фудбал.Семинарот го водеше Onar Nymoen вработен во Норвешка федерација, заедно со двајца познати тренери и селектори на Норвешката репрезентација за жени.На семинарот учествуваа 22 кандидати за тренери, кои по завршување на семинарот, кој беше поделен на два дела, теоретски и практичен, од организаторите посебни сертификати кои ќе им помогнат во натамошното градење на тренерската професија.-Имавме теоретска настава со многу примери во хотел “Милениум“, а потоа практичен дел на Ќумурното игралиште на вештачката трева и на градскиот стадион, каде во неделата со 120 деца од основните училишта се одржа фестивалот на фудбалот. На фестивалот кандидатите за нови женски фудбалски тренери ги демонстрираа своите вештини, рече Гордана Цветковска – Бошевска, член на комисија при ФФМ за женски фудбал и домаќин на семинарот, кој се организира заедно со Општина Битола.-Ова е значаен фудбалски проект за нас, а за кој Норвешката Фудбалска Федерација најде буџет да го подржи во целост. Ова е втор по ред ваков семинар, а се планира продолжение на истиот и во наредната година, бидејќи резултатите се одлилни, рече  координаторот за образование на тренери Марио Ѓурчиновски.