Битолскиот кошаркарски тренер Горјан Стојановски, кој ги води екипите на Младост и женската екипа на Пелистер, деновиве беше учесник на семинарот за кошаркарски тренери “Лазар Лечиќ“, кој го организира КФМ.
За учеството на семинарот и бенефитите од него, Стојановски вели:
-Семинарот беше дводневен и се одржа во спортската сала “Борис Трајковски“ во Скопје, а предави беа врвни имиња во светската кошарка, како Душан Дуда Ивковиќм Ненад Труниќ, од Србија за кои не треба да се зборува што направиле бидејќи нивните медали во клубовите, на европско, светско или олимпијада немаат крај ако ни набројуваме.Како предавач беше и Октај Махмути тренер на Ефес Пилсен. Врни стручњаци од кои можевме иако на кратко време многу да научиме.
Стојановски додава и за македонските кошаркарски имиња кои предавале или биле учесници на семинарот, како Лазар Лечиќ, Стерули Андоновски, Перо Антиќ, Тодор Гечевски, Горан Самарџиев, Тони Симиќ. Зоран Петковски.






