Press "Enter" to skip to content

“Кромберг & Шуберт“ со донација за опремување на училница за првоодделенчиња во ОУ “Св. Климент Охридски“ (фото)

“Кромберг & Шуберт“  како општествено одговорна компанија која постојано помага  во образованието и останатите општествени области, за опремување на училницата за  првоодделенчиња од ОУ “Св. Климент Охридски“.

Директорката на ОУ “Св. Климент Охридски“, Гордана Анастасова, за донацијата рече:-Како компанија  која е секогаш подготвена да излезе пресрет на барањата на граѓаните и институциите, а во насока на подобрување на животната и работната средина, тие веднаш без двоумење ни излегоа пресрет, позитивно одговорија на нашето барање и од компанијата се набавени 8 масички и 32 столчиња. Во таа насока, би сакале да ја искористиме оваа прилика да  изразиме огромна благодарност до КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола за доделената донација. Со нивната донација, училниците ќе бидат поубаво катче за престој на учениците во нашето училиште.Анастасова додаде декесе надева дека со ова нема да престане соработката со нив туку дека ќе продолжи понатаму и со други проекти

More from БитолаMore posts in Битола »