Денес во 15:30 часот прволигашот Работнички ќе гостува на градскиот стадион под Тумбе Кафе во Битола, во рамките на првиот натпревар од осминафиналето во Купот на Македонија.
Екипата на Пелистер е насочена кон првенството, а тренерот Дарко Крстески за овој куп натпревар вели:
-Екипата на прволигашот Работнички доаѓа во Битола секако со епитетот фаворит кој го има заслужено, со оглед на тоа што ние сме второлигаши. Ние сме насочени кон првенството и остварување на целта враќање во прволигашкото друштво, но секако ќе дадеме максимум и на овие средби. Овој натпревар ќе биде голема контрола за нас, да видиме до каде сме стигнале до прволигашка конкутенција, знаејќу дека целта е токму прва лига. Ќе имаме мотив, прволигаш Работнички, одличен терен и се надевам голем број на љубители на фудбалот. Шанса ќе добијат некои помлади фудбалери, или се на се одлична фудбалска претстава.
Тренерот на Работнички, Александар Влахо вели дека гостувањето во Битола секогаш е фудбалски предизвик, со оглед на клупското реноме на Пелистер, но се надева дека неговиот тим ќе оствари успех.
-Пелистер е бренд во македонскиот фудбал и без разлика што сега е второлигаш, дуелот против битолскиот тим за Работнички е предизвик. Го респектираме противникот, но ние имаме големи амбиции во Куп натпреварувањето и ќе сториме што е во наша моќ да за извлечеме позитивен резултат во Битола.
Првиот осминафинален натпревар од Купот на Македонија меѓу Пелистер и Работнички ќе го суди Марјан Стојановски од Кичево.






