Press "Enter" to skip to content

Заменик претседателот на СДСМ, Радмила Шеќеринска во месната заедница “Блаже Рогозинарот“

Во месната заедница “Блаже Рогозинарот“, заменик претседателот на СДСМ, Радмила Шеќеринска, присуствуваше на маалска средба со локалното население каде се  разговараше за локалните состојби и проблеми на населението кое живее во централното градско подрачје.

На средбата беше присутна и градоначалникот, Наташа Петровска, која истакна дека проектот за улицата “Рузвелтова“ влегува во финална фаза и дека таа наскоро ќе биде претворена во пешачка зона со поинаков имиџ кој ќе доликува на козулска Битола. Со тоа, сообраќајниот режим во централното градско подрачје ќе биде регулиран во однос на паркирањето во корист на граѓаните.

Таа пред присутните истакна дека дворот и игралиштетото на основното училиште “Св. Кирил и Методиј” ќе бидат целосно обновени.