Управата на Пелистер продолжува со пријатните изненадувања за битолските љубители на кошарката, а последното е 28 годишниот Филип Думиќ, кој веќе е во тимот на Пелистер, а ќе биде засилување на бековската позиција.
Пред доаѓањето на Думиќ во Битола, настапуваше за тимот на Куманово, каде одлично одигра, но не најде заеднички јазик со кумановската управа и го напушти тимот.
Искусниот српски интернационалец, Филип Думиќ, во својата кариера настапуваше за неколку српски прволигаши, како и во романскиот шампионат – Тимба.






