Press "Enter" to skip to content

Есенски училишен крос на Шеталиште (фотогалерија)

Во организација на Сојузот за училишен спорт од Битола, денес се одржа есенскиот училишен крос на кој учествуваа ученици од основните и средните училишта.Според Михајло Трампевски, претседател на Сојузот за училишен спорт на кросот, на стартот се појавија повеќе од 600 ученици од сите основни и средни училишта од Битола, кои се натпреваруваа според возраста.На патеката која беше одбележана и обезбедена на градското шеталиште за првите три места во поединечна конкуренција по возраст и за екипни победници се водеше борба до последните метри на целта која беше кај спортската сала “Боро Чурлевски“.Во екипна конкуренија кај основните училишта победник е ОУ “Коле Канински“ со 26 бода, второплсирано беше ОУ “Елпида Караманди“ со 15 бода, а на трето место ОУ “Св. Климент Охридски“ со 9 бода.Кај средните училишта најдобри со 26 бода беше Гимазијата “Ј.Б. Тито“, на второ место со 17 бода средното економско училиште “Јане Сандански“, а на трето место со 9 бода средното медицинско “Д-р Јован Калаузи“.