Во организација на Сојузот за училишен спорт од Битола, денес се одржа есенскиот училишен крос на кој учествуваа ученици од основните и средните училишта.
Според Михајло Трампевски, претседател на Сојузот за училишен спорт на кросот, на стартот се појавија повеќе од 600 ученици од сите основни и средни училишта од Битола, кои се натпреваруваа според возраста.
На патеката која беше одбележана и обезбедена на градското шеталиште за првите три места во поединечна конкуренција по возраст и за екипни победници се водеше борба до последните метри на целта која беше кај спортската сала “Боро Чурлевски“.
Во екипна конкуренија кај основните училишта победник е ОУ “Коле Канински“ со 26 бода, второплсирано беше ОУ “Елпида Караманди“ со 15 бода, а на трето место ОУ “Св. Климент Охридски“ со 9 бода.
Кај средните училишта најдобри со 26 бода беше Гимазијата “Ј.Б. Тито“, на второ место со 17 бода средното економско училиште “Јане Сандански“, а на трето место со 9 бода средното медицинско “Д-р Јован Калаузи“.

Есенски училишен крос на Шеталиште (фотогалерија)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Малешевиќ: со МЗТ е клучен натпревар оваа сезона, дојдете в сала, потребна е поддрша
- Младите “пелистерци“ со два гола во завршницата во Битола го победија Куманово
- Утре “второ“ полуфинале во Битола, Стајиќ: сакаме реванш, па мајсторка нека одлучи…
- Пелистер во Битола со висока победа над Шкупи (фотогалерија)
- КК Пелистер: дојдете во сала, поддршка е потребна во полуфиналето против МЗТ





