Press "Enter" to skip to content

КК Пелистер: дојдете во сала, поддршка е потребна во полуфиналето против МЗТ

Пелистер во Битола в недела во 18 часот во салата „Боро Чурлевски“ ќе го пречека МЗТ Скопје во полуфиналето од плејофот во македонскиот шампионат, меч на кој е неопходен триумф ако се сака да се остане во игра за пласман во големото финале.

За жал, доброто издание во скопски Аеродром не го даде посакуваниот резултат, но „пелистерци“ се решени да се реваншираат со иста мерка и да се изборат за мајсторка.

-За успех в недела неопходна ќе биде и силна поддршка од трибините, затоа ве покануваме да дојдете во што поголем број , бидејќи ваштео бодрење е драгоцено за нашите кошаркари, упатија порака од КК Пеллистер до битолчани.

Билетите по цена од 150 денари ќе можат да се набават во „Зикс“ и на билетарницата во салата „Боро Чурлевски“.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »