Press "Enter" to skip to content

Во големата еко-акција “Битола без депонии“ се чистеше кај интернатот, на Тепсија, Боримечка, новиот пазар… (фото)

Во големата акција за чистење на големите депонии низ Битола денес се исчистија неколку, а во акцијата покрај вработените во ЈП “Комуналец“ се приклучија и вработени јавните претријатија, советници од Советот на општина Битола, младите до СДММ и голем број на граѓани.Како што и беше најавено ЈП “Комуналец“ беше носител на големата акција за чистење на дивите депонии во Битола, во која со своја машинерија учествуваа и јавните претпријатија “Водовод и “Нискоградба“, а во акцијата учествуваа и претставници на невладиниот сектор и локалното население.-Се чисти на локацијата Тепсија на Баирот,  во населбите Боримечка и Буковски ливади, кај средношколскиот интернат, во Новиот пазар кон Техничкото училиште, рече директорот на ЈП “Комуналец“, Панде Богоевски, кој нагласи дека од дивите депонии низ градот се собрани околу 200 “кубици“ отпад, и додаде:-Мене и сите кои сме вклучени во акцијата, која да потсетам ќе трае и оваа седмица која следува, се вклучуваат голем број на битолчани, а постојано се приклучуваат и ни се јавуваат граѓани да интервенираме, а ние тоа ќе го направиме.Во денешната акција со механизација се приклучија и екипи на јавните претпријатија „Водовод“ и „Нискоградба“ кои со нивната механизација, ја расчистувааа дивата депонија кај клучката за селото Ротино, а таму беа директорите на јавните претријатија Горан Козаров и генералниот директор на ЕСМ – Васко Ковачевски.Во чистењето на губрето околу Новиот пазар во Нова Битола се приклучија и вработените во ЈП “Пазари“.Инаку вакви големи акции ЈП “Комуналец“ прави двапати годишно на пролет и есен, а според Богоевски, од акција до акција има се помалку отпад низ Битола, што зборува за подигнување на свеста на граѓаните.