Press "Enter" to skip to content

Дејан Манасков, ќе биде убаво да се игра денес во Битола (фото)

Со чартер лет до Охрид од Будимпешта, најскапиот СЕХА-лигаш, Веспрем синоќа стигна во Битола, на чело со тренерот Давид Дејвис со Лауге Шмит, Мае, Манасков, Мораеш, Маргуч, Штрлек, Мачковшек… без Штербик, Ненадиќ и Борозан.

Дел од управата на Еурофарм Работник ги пречекаа ракометните ѕвезди на Веспрем, во хотелот “Кеопс“ каде се сместени, а им излегоа во пресрет на сите нивни барања.Македонскиот интернационалец, Дејан Манасков, беше расположен по пристигнувањето во Битола, а на прашањето што очекува од денешниот натпревар во Битола, едноставно одговори:-Ќе биде добро да се игра во Битола, против Еурофарм Работник, а очекувам спортската сала да биде исполнета до последно место, а според информациите од домаќините така и ќе биде.Поради згуснатиот календа на Веспрем, кој игра на три фронта, домашното првенство, СЕХА лига и Лига на шампиони, тие заминуваат веднаш по натпреварот, а нема и да имаат ни тренинг пред натпреварот.