Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: напад над вработен во болницата, вчера 17 битолчани возеле без возачка дозвола

На 02 октомври во СВР Битола, П.Ѓ. (21) од Битола пријавил дека во Клиничка болница Битола, каде бил вработен, физички бил нападнат од Д.Р. од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
 
Полициски службеници од СВР Битола на 02.10.2019 извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство.
 Притоа, констатирано е дека 17 возачи управувале возило без возачка дозвола, седум возила биле нерегистрирани, брзината ја надминале 22 возачи, тројца возачи зборувале на мобилен телефон додека управувале возило.  За сите прекршоци биле издадени соодветени казни.
More from ВестиMore posts in Вести »