Интернационалниот фестивал на класична музика “Интерфест 2019“ започне во салата на Народниот театар во Битола, со гала оперски концерт на солисти и оркестарот на Националната опера и балет, и под диригентство на Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ.
Овогодишниот фестивал за отворен го прогласи градоначлничката на Битола, Наташа Петровска, која рече деке Битола и битолската публика го заслужува овој фестивал кој полека оди кон голем јубилеј, 30 години од постоењето, и дека општината и понатаму ќе го поддрѓува овој фестивал.
На отворањето зборуваше и Милица Шперовиќ Рибарски која накратко ги потсети присутните во салата за почетоците на овој реномиран фестивал, како и за линостите кои помогнале во тоа време пред 28 години да започне да живее.
Таа ги спомена и големите имиња на поединци и оркестри кои досега настапиле на овој фестивал, но, кажа и за тешкотиите со кои сега се среќава фестивалот, пред се заради маналениот буџет од Министерството за култура, поради што откажани некои договорени концерти за ова издание, а меѓу кои и концертот на битолскиот камерен оркестар.
На “Интерфест“според програмата, до 11 октомври на фестивалските сцени во битолскиот Музеј, Центар за култура и Народен театар-Битола, ќе настапат уметници од Италија, Франција, Полска и Македонија.
Годинава од Италија гостуваат дуо хармоника и пијано Џанкрало Калабриа и Симоне Пагани, дуо гитара и пијано Лапо Ванучи и Лука Ториџиани, како и италијанското барокно трио „Стара музика“ со кои ќе заврши фестивалот.
Во Битола концерти ќе приредат и дуо Фортчело од Франција, дуо пијано и флејта Тереза Кабан и Хенри Блажеј од Полска, како и македонските уметници Томе Костовски-пијано, Валентин Наумов – виолина и Верица Дивитарова-пијано.
Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ се одржува од 1992 година, а иницијатори и основачи се Милица Шперовиќ Рибарски и Кирил Рибарски.
[ngg src=”galleries” ids=”412″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]






