Одбојкарскиот клуб Пелистер Волеј е вистински хит кај тинејџерките во Битола, кои покажаа огромен интерес да тренират одбојка, а тоа се гледа според бројот на девојчиња кои се запишани и кои тренираат во овој клуб. Одбојкарките на Пелистер Волеј тренираат во три спортски училишни сали, во Медицинско, Економско и во ОУ “Елпида Караманди“ со околу дваестина термини, но тоа не е доволно според програмата за тренинзи, кој а со мака ја совладуваат, но само од технички акпекс.
-Максимално го имаме пополнето капацитетот во сите возрасни групи, малку примивме отповеќе девојчиња, но успешно и редовно ги извршуваме тренинзите. Имаме проблеми со малиот број на термини, па затоа некогаш во сала имаме и по две возрасни групи. Додека една група тренира, во позадина друга група се загрева, па така “крадиме“ по некој термин, се со цел да имаме ефикасност во работата, велат од ОК Пелистер Волеј.
Тренерите, Роберт, Трифуно, Аце и Темело, иако имаат желба за да работат со уште деца, сепак велат дека ова е максималниот бројна девојки кои можат да го имаат, па затоа вчера одлучија дека не можат да примаат повеќе, а доколку некое девојче се отпише и прекини да доаѓа на тренинг ќе се прима ново.
Навистина успех на еден млад клуб во Битола, кој со успешно работење дојде до степен да биде максимално пополнет бројот на запишани, и да биде вистински хит кај битолските тинејџерки и помали девојчиња.

Ги преполнаа спортските училишни сали, се чека ред за тренинг (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: пробивање и комплетна инфраструктура на “Широка“ во Битола (фото)
- Црвениот тепих во Битола на затворањето на “Браќа Манаки“ низ објективот на Дамијана Ристевска (мега фотогалерија)
- Деновови пред 10 години: претседателите на Србија и Македонија, Николиќ и Иванов, на средба во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: отворен тренинг на тогашниот селектор Лино Червар во Битола за потенцијалните репрезентативци (фото)
- 8. пат “Трчај бе со Алпско“ во Битола – спортски празник со над 1.500 учесници од 18 земји и многу публика, низ повеќе од 100 фотографии





