Уште едно засилување донесе Управата на кошаркарскиот клуб Пелистер, по одложувањето на стартот на сезоната поради распадот на КК Охрид, а токму од таму доаѓа во Битола, репрезентативецот Адем Мекиќ.
Адем Мекиќ, крилниот кошаркар остана без ангажман, најпрво од МЗТ Скопје, и неколку други, но Управата на Пелистер, го “убеди“ дека проектот КК Пелистер е добар и дека тој треба да се дел од него.
Какво засилување ќе има Пелистер во името на Мекиќ, доволно е да ја погледаме статистиката за минатата сезона која вели дека тој во минатата сезона имаше просек од 13.1 поени по натпреавр , по 5 скокови, по 2.5 асистенции и по 1.5 украдени топки.
Претходно, во изминатата недела, од КК Куманово во Пелистер дојде и Филип Думиќ, а потпишаа Казарновски, Зекири и Цветковски.






