Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: Круме и Ванчо се договорија за преземање на ФК Пелистер

-Во овој период во 2009 година се случи едно од многуте преземање на клубот, односно промена на Управата на фудбалскиот клуб Пелистер, а јас како долгогодишен спортски новинар сум бил присутен и сведок на скоро сите, а во неколку наврати сум бил и во Управата, а како член на СОФКА и на чело на клубот, започна со сеќавањата за пред 10 години, Димче Миновски, кој продолжи:-Неколку месеци по стартот на сезоната 2009/2010 клубот го водеше Круме Волнаров, а во октомври беше договорено клубот да го преземи Ванчо Атанасовски, кој како се сеќавам живееше во Скопје, а имаше бизнис во Словенија. Договорното собрани се одржа во старата сала на Општината.Миновски додава и за тренерите кои тогаш го водеа Пелистер.

-Благој Китановски беше еден од оние кои беа во Управата на Волнаров и вршеше многу работа и беше човек од доверба, а потоа тренер Атанасовски го назначи Наум Љамчевски, кој се сеќавам дека екипата ја водеше од трибина, бидејќи ја немаше потребната тренерска лиценца, а на клупата седеше Ѓоко Илиевски.Миновски додава и дека многу контаверзно поминало водењето на Ванчо на Пелистер, но како одминуваа месеците така и ќе се присеќаваме, а ги имам забележано во мојот стар новинарски бележник.

Mission News Theme by Compete Themes.