Press "Enter" to skip to content

Две претстави вечерва на “Битолино“ (фото)

Во Битола во тек е 9. издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“ на кој најмладите од нашиот град ќе погледнат 6 детски театарски претстави на нашите гости од земјава, но и Бугарија, Русија, Австрија, Египет.
Денешната програма на фестивалот започна во 11 часот со театарската работилница “Само за сонувачи“, а попладнево ќе има две претстави. Во 18 часот ќе се изведе претставата “Тинејџер од внатре“ во продукција на “Marian Bachev & Arcadia Fusion art“ од Софија, Бугарија. Во 20.00 часот следува претставата “Кралица на боите“ на театарот „Feurblau“ од Грац, Австрија.
Вчера “Битолино“ започна со свечено отворање и дефиле на плоштадот “Магнолија“, а на новата сцена на НУ Центар за култура се изведе детскиот бродвејски мјузикл “Ени Јуниор“, проект на Здружението за инклузивно и неформално образование “Крео-Аксис” од Скопје,  како и претсавата “Перничеграфија“ на Театарската школа Бабец.
Фестивалот завршува утре, а на програмата во 18 часот се гостите од “El Mahrousa group“ од Гиза, Египет со претставата “Приказни од 1001“ и во 19.30 часот на програмата е Театарот на портите на Нарва од Санкт Петерсбург, Русија.
-Овогодинешното фестивалско мото е “Само за сонувачи“, а влезот за сите претстави е биде бесплатен, се со една цел да создадеме едуцирана публика со полни глави незаборавни спомени, со театарска култура, да всадиме во децата љубов кон театарот, да ги понесеме по вистинскиот пат за да можете сами да препознаете квалитетна театарска претстава, на крајот на краиштата да  овозможиме да сонувате и да уживате со сите сетила бидејќи тоа го може единствено неговото височество театарот, истакнува организаторот на фестивалот Бабец театар.
More from БитолаMore posts in Битола »