Денес во посета на Клиничката болница “Д-р Трифун Пановски“ беше дел од менаџерскиот тим на “Сокотаб“, кои на болницата им ја врачија донацијата, ЕКG апарат. На доделувањето на донацијата, генералниот директор, Џовани Беги, речедека соработката продолжува и понатаму и е среќен што ова ЕКG ќе помогне во прегледите на пациентите.
Весна Калпакова, извршен асистент на генералниот директор, која ја воспостави соработката меѓу “Сокотаб“ и Клиничката болница рече дека донацијата има вредност од 70.000 денари, а самиот апарат е произведен од компанијата “Comen“.
Ратко Христов, административен и финансов директор на “Сокотаб“ ја претстави компанијата и истакна дека врши откуп и преработка на тутун во лист имаат над 3. 000 тутунопроизводители и се надева дека со оваа донација им помагаат и нив, секако доколку имаат потреба од преглед во болницата.
Голема благодарност од името на вработените во ЈЗУ Клиничка Битола и од името на сите пациенти за кој е и наменет овај апарат изрази директорот, д-р Зоран Лазаров, кој истакна дека ваквите апарати се неопходност за брза и адекватна помош на пациентите.

“Сокотаб“ и донираше ЕКG апарат на Клиничката болница (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)





