Press "Enter" to skip to content

Регионален состанок за активни мерки за вработување, најмногу самовработувања во Пелагонискиот регион (фото)

Денес во хотелот “Епинал“ во организација на Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување, бизнис-заедницата, локалниот економско социјален совет и останатите засегнати страни се одржа втората регионална средба за креирање на новиот оперативен план за активни мерки за вработување за 2020 година. По средбата се очекуваат конкретните предлози од локалниот економско социјален совет и стопанствениците од Битола, Ресен, Кавадарци, Велес, Демир Хисар и Прилеп, кои треба да ги дадат своите сугести за реалните потреби на пазарот на труд, за што министерката  за труд и социјална политика рече:-Сметам дека овој тип дебати на локално ниво се клучни. Мерките се успешни кога се креираат според потребите на даден регион и за тоа веќе имаме успешен пример од минатата година. Во овој регион минатата година 700 лица ги користеле активните мерки за вработување. Верувам дека со добро планирање и сугестиите што ќе ги добиеме од бизнис-секторот можеме да го зголемиме бројот на вработувањата, но и да го обезбедиме потребниот кадар што недостига на компаниите и тоа ќе биде во интерес на сите.Директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска  за активните мерки за вработување, посебно за самовработување најповеќе се искористени во Пелагонискиот регион:-Во овој регион во моментот имаме над 350 работодавачи коишто ги користат услугите за вработување и над 700 лица. Имаме успешна релизација во 2018 година која што е над 95 проценти,а ваква висока реализација очекуваме и годинава и додаде дека улогата на АВРСМ е да биде вистински сервис за невработените, но и за бизнис-заедницата, со целосно нов концепт на работење.Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска на регионалниот состанок во Битола истакна дека само преку консултација може да се надмине проблемот со недостиг на кадар во Битола и во останатите општини од Пелагонсикиот и Вардарскиот Регион.-Со отворена дискусија можеме да извлечеме заклучоци, да воочиме каде се движиме и што треба да направиме, каде можеме да имаме подобрување. Во Битола и во регионот недостига квалификувана соодветна работна сила и на овој проблем треба соодветно да се одговори. Годинава МТСП и Владата со четирикратно зголемените средства што ги има би можела да ви дадат соодветен импут во бизнисот преку овие мерки, рече Петровска.Мирко Велковски, претседател на Регионалната стопанска комора-Битола во своето излагање се осврна на недостигот на кадар, проблем со кој се среќаваат најголем број на компании во скоро сите дејности, а за да надмине проблемот тој предложи:-Стопанството, министерствата, посебно министерството за образование и Агенцијата за вработување мора зеднички да делуваме. На стопанството му се потребни соодветни кадри, а она што го имаме не е доволно за развој на стопанството. Се судираме со проблем, недостиг на квалификувани и стручни лица, инженери, заварувачи и секаков друг потребен кадар. Мораме сите заеднички да ги усогласиме програмите за вработување.

Средбата беше организирана со поддршка од проектот „Зајакнување на социјалниот дијалог“, кој го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот, а вакви средба се одржа во Тетово, а ќе се одржат во Скопје и Струмица.

More from ВестиMore posts in Вести »