Во Битола на Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ) беше одржан настан за промоција и вмрежување на учесниците на акцелераторската програма од проектот “Employouth“. Битола интензивно работи на развој на старт ап сцената. Овој проект докажува дека стартапите се почетоци на бизнис кои ако се добро организирани и менторирани од почеток, можат да доживеат успех со вртоглава брзина.
На настанот зборуваше новоназначениот проректор за наука на Универзитетот “Св Климент Охридски“, проф д-р Игор Неделковски кој го акцентира значењето и вложувањето во вакви проекти:
-Стартапите се оние кои внесуваат нов ветер, оригиналност, иновативност, свежи идеи кои го менуваат светот. Сетоа тоа го прават брзо и со минимални трошоци зошто немаат конфор како големите комапнии.Тоа е начин на размислување кој ветува успех. Начин на размислување кој секој претрпиемач треба да го има.
Дали е возможно да се создаде бизнис додека сте уште на студии, беше прашањето кое го постави деканката на ФИКТ, Проф Д-р Андријана Боцевска.
-Да, доколку Универзитетите создадат услови, во светот наречени Инкубатори во кои со помош на ментори, студентите се охрабрат доколку имаат идеја да ги направат првите чекори во претприемничките води. ФИКТ е една од ретјките високообразоавни институции која се охрабри да покаже дека не сме назад од овие трендови кои се присутни на водечките Универзитети. Избрани тимови, работат на валидација на своите идеи, низ процес на подобрување на производите или услугите, како би можеле подготвени да излезат на пазарот со својата компанија, изјави Боцевска.
Пред присутните, дваесетина млади луѓе ги претставија своите иновативни бизнис планови предкомисија на евалуатори и потенцијални инвеститори. На настанот присуствуваа гости од Универзитетот West Macedonia лоциран во Кожани, Грција, институција со која имаат долгогодишна соработка.
Инаку, универзитетската пилот програма за стартапи во Пелагонискиот Регион, организирана како дел од “Еmloyouth“ -проектот е финасиран од ЕУ преку Интерег програмата за прекугранична соработка со Грција, во пролетта ја креираше ПРЕДА плус фондацијата која оваа акцелераторска програма ја предаде на Факултетот за информациски технологии – ФИКТ.
Факултетот со овој проект обезбеди простор каде го смести акцелераторот и со својот менаџерски тим продолжи да го развива.

На ФИКТ промоција и вмрежување на учесниците од проектот “Employouth“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола променливо облачно, температурата до 23 степени
- Инвестиција од 46 милиони евра во хидроелектраните на АД ЕСМ: Модернизацијата на опремата ќе донесе зголемено домашно производство и приходи од најмалку пет милион евра годишно
- Со нова механизација се модернизира “Нискоградба“ Битола
- Регионална платформа за млади во Битола – моделот од Пелагонија со потенцијал за примена и во други региони во земјата (фото)
- СВР Битола: пријава за физички напад, пронајдено починато лице





