Press "Enter" to skip to content

Одбележан Денот на народното востание со полање цвеќе споменикот на Револуцијата (фотогалерија)

Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, претседателот на Сојузот на борци од Битола и дриги делегации со полагање на цвеќе на споменикот на револуционерната борба, на плоштадот “Гоце Делчев“ го одбележаа Денот на народното востание, 11. Октомври.Во име на Сојуозот на борци цвеќе положи претседателот, Александар Трајковски, кој рече:-На денешен ден  во раните утрински часови партизанскиот одред “Прилеп“ го нападна участакот, а претходно ги прекина сите телеграфски  врски. Утредента бугарската фашистичка полиција презеде полициски мерки и притворени се повеќе од 1.000 луѓе, лево ориентира, кои ги осудија и го однесоа во бугарските затвори во Битола и Скопје. Оој ден е значаен идејчи со борбата ја создадовме државата, и создадовме услови за живот за сите бидејќи тоа беше и социјална мерка, рече претседателот на Сојузот на борци од Битола, Александар Трајковски.Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, по тој повод рече:

-Денес е еден од најзначајните празници од нашата историја, денот кој што е поврзан со нашата слобода, со нашата независност, со просперитетот, со нашата иднина. Затоа во оваа прилика сакам да се заблагодарам на сите наши борци кој што ги положија своите животи токму за нашата слобода. Нека ни е вечит и честит празникот 11. Октомври.Делегација од Советот на општина Битола, исто така положи цвеќе и се поклони на жртвите на народно ослободителната борба.Потоа цвеќе положија и претставници на политичките партии на СДМС и ВМРО-ДПМНЕ и нивните подмладоци.

More from ВестиMore posts in Вести »