Press "Enter" to skip to content

Богат спортски викенд, фудбал, ракомет, кошарка (фото)

Престојниот спортски викенд ќе настапат битоските спортски колективи во неколку спортови, а фудбалерите на Пелистер ќе ја отворат спортската програма во 13 часот кога на Градскиот стадион ја пречекуваат екипата на Кадино, во рамките на Втората фудбалска лига. Со победа остануваат на првото места на табелата и ја продолжуваат борбата за Прва лига.Ракометарите на Пелистер во 19 часот ја играат реванш средбата од второто коло на ЕХФ купот, против екипата на Винтентур од Швајцарија во спортската сала “Боро Чурлевски“. Шансите за понатамошен пласан се загубени уште во првата средба, каде “пелистерци“ се високо поразени, но останува овој натпревар за претставување на младите битолски ракометари пред битолската публика во најдобро издание.Ракометарите на Еурофарм Работник утре во 17 часот ја пречекуваат во спортската сала “Боро Чурлевски“ во рамките на ракометната Лига на Шамшиони. Овој пат во Битола ќе гостува екипата на Кокс од Шведска. Ракометарите иако изморени од нон-стоп играње и патување најавија борба за победа во Битола, а ќе настапат без повредените ракометари.Кошаркарите на Пелистер ја започнуваат годинашната сезона со гостувањето во Куманово, против истоимената екипа. Пелистер во оваа сезона влегува со неколку квалитетни засилувања, со кои тренетор Зоран Тодоровиќ, заедно со домашните кошаркари ќе се обиде да обезбеди плеј-оф.И навивачите на Пелистер, навивачката група “Чкембари“ за денешните две средби, фудбалот и ракометот најави присуство на трибините на стадион и во салата, а како велат поддршака ќе биде на најголемо ниво.

 

More from СпортMore posts in Спорт »